Шасивари од Манила: Заложби за посилна законска заштита на децата од насилство

Шасивари од Манила: Заложби за посилна законска заштита на децата од насилство

пред 15 минути

Министерот за правда, Јетон Шасивари, на вториот ден од Втората глобална министерска конференција за елиминирање на насилството врз децата, која се одржува во Манила, Филипини, во име на Владата ги презентираше конкретните заложби за унапредување на законската и институционалната заштита на децата од сите форми на насилство.

Во своето обраќање пред меѓународните претставници, министерот Шасивари ја потврди определбата на Владата за преземање конкретни мерки со кои ќе се зајакне превенцијата, ќе се подобри институционалниот одговор и ќе се обезбеди поефикасна заштита на децата изложени на насилство.
Меѓу приоритетните заложби што ги претстави министерот се законската забрана на браковите пред навршување 18 години, зајакнувањето на правната заштита од физичко и дигитално насилство, како и воспоставувањето специјализирани услуги за децата жртви на насилство.

Посебно внимание беше посветено на спречувањето на насилството во училиштата и воспоставувањето функционални меѓусекторски тимови во сите центри за социјална работа, со цел навремено препознавање на ризиците, координирано постапување на институциите и обезбедување соодветна поддршка за секое дете на кое му е потребна заштита.

Министерот ги претстави и заложбите за воспоставување единствен систем за прибирање и обработка на податоци, како и за развивање поефикасни механизми за заштита на децата во контакт со правосудниот систем. Овие мерки имаат за цел да овозможат подобра институционална координација, следење на случаите и навремено постапување во најдобар интерес на детето.

Шасивари нагласи дека меѓународните заложби мора да бидат проследени со конкретни законски решенија и функционални институционални механизми.

Според министерот, одговорноста на Министерството за правда не завршува со учеството на меѓународните конференции, туку продолжува преку подготовка на подобри закони, зајакнување на институционалните капацитети и создавање услови за вистинска и достапна заштита на секое дете.
Министерот Шасивари порача дека ниту едно дете не смее да остане незаштитено и дека заштитата на децата од насилство претставува не само законска обврска, туку и морална и државна одговорност.

Текстот Шасивари од Манила: Заложби за посилна законска заштита на децата од насилство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top