Шилегов по повод 11 Октомври: Нема никому да дозволиме да ја чепне нашата држава

пред 3 години

На свеченостa во Скопје по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и 80-годишнината од овој настан свое обраќање имаше и актуелниот градоначалник, Петре Шилегов, кој на граѓаните им го честиташе големиот јубилеј порачувајќи дека денес по цели 80 години се сеќаваме на храброста и одлучноста на нашите партизани и дека наша должност и обврска е да го зачуваме тоа сеќавање и да потсетуваме на нивниот идеал.

„Со мудроста на македонското водство, единството на нашите народи и силата на нашето оружје го победивме фашизмот. За нашата слобода се изборивме сами, сами ги изградивме Скопје и Македонија како суверена држава на единствени и горди народи и никому, ама баш никогаш нема да дозволиме да ја чепне нашата држава, нашата тешко стекната, со крвта на нашите антифашисти платена слобода“, нагласи Шилегов.

Како што посочи тој, заедништвото на нашите луѓе денеска е попотребно од кога и да било, претходно.

„Скопје е град на заедништвото, кој само заради слогата со која живееме, денес се претвора во модерна европска престолнина. И тоа е нашата најголема сила, баш како во времињата кога знаевме да се спротивставиме на окупацијата и фашистичкото зло, денеска се бориме за силно Скопје на горди луѓе, денес се бориме за европско Скопје, се бориме за силна Северна Македонија на нејзините горди граѓани“, порача Шилегов, додавајќи:

„Нашето наследство од НОБ го чуваме со посебно внимание: отворавме музеи и изложби, ги уредуваме просторите околу заборавените спомен обележја во градот. Нашата соработката со Сојузот на борците никогаш не била поцврста и подлабока. Нашиот долг, долгот на нашата и идните генерации кон Ослободителите е толку голем што ниту една форма на благодарност не може и не смее да биде доволна додека постои Скопје“.

Share
Scroll to Top