Ѓорѓиевски: Финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство

Ѓорѓиевски: Финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство

пред 11 часа

​Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на денешната седница на совет се донела одлука за финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство. Како што истакна, наскоро ќе биде распишан Јавен повик на кој жртвите ќе можат да се пријават, а се гарантира и целосна дискреција на истите.

-Општина Кисела Вода, ќе доделува финансиска помош на жртвите на семејно и родово базирано насилство. Борбата за спречување на секој вид на насилство е дел од нашата стратегија која во континуитет на спроведуваме. Оваа нова мерка, за која наскоро ќе биде распишан и Јавен повик, ќе гарантира целосна дискреција на жртвите кои ќе се пријават, а ќе приложат потврда дека се регистрирани како жртви на семејно насилство. Насилството е за секоја осуда, никој на овој свет не смее да биде жртва. Ова не е прва мерка која ја воведуваме во насока на надминување на ваквите или слично проблеми“, посочи тој и додаде:

„Претходно, во населбата Црниче, заедно со граѓанската организација ,,Крик” отворивме канцеларија за психолошко советување на жртвите од булинг, семејно или било каков тип на насилство. Кисела Вода не само што е потписник на Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, туку и во пракса интензивно работи на имплементација на сите нејзини постулати. Заедно сме посилни. Заедно можеме да направиме промени! – рече Ѓорѓиевски.

Текстот Ѓорѓиевски: Финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top