Џафери се сретна со Зеленски: Денеска сум Украинец, онемен сум и бесен

пред 2 години

И покрај тоа што сум војник и покрај свежите сеќавања од војните на Балканот, онемен сум и бесен, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, при средбата со украинскиот државен врв, меѓу кои беа и претседателот, Володомир Зеленски и првиот човек на Врховната Рада, Руслан Стефанчук.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Џафери на состанокот посочи дека е растревожен од бројот на гробови чии леи не ги догледува човековото око, иако, како што кажа, видел само дел во Буча и Ирипин.

„Бесен што светот нема доволно силен глас да и каже стоп на оваа безумна инвазија. Во чест на загубените животи се обврзуваме да ви помогнеме и внимателно да слушаме како одново ќе го изградите разрушеното“, нагласи претседателот на македонското собрание.

Џафери лично се обврза за што поскоро усвојување на одлуки за помош и поддршка на Украина.

Тој зборуваше и за мерките кои Северна Македонија ги презела против, како што рече, руската агресија во Украина, нагласувајќи дека државата ја поддржала Одлуката за суспендирање на Русија од Советот на Европа и се приклучила кон сите рестриктивни мерки и санкции на Европската унија кон Руската Федерација, иако не е членка на ЕУ.

„Овој акт на агресија уште еднаш потврди колку е значајно проширувањето на Европската унија за безбедноста, стабилноста и демократската консолидација на Европа. Благодарност до сите борци за слобода во Украина што во воени услови ни овозможија безбедно да допатуваме во Украина и што го делат лебот со нас“, посочи Џафери на средбата на која нагласи дека денеска се чувствува како Украинец.

Share
Scroll to Top