Австриската крв му помогна на Рубљов да биде единствен со пет титули во 2020

Австриската крв му помогна на Рубљов да биде единствен со пет титули во 2020

пред 1 година

Русинот Андреј Рубљов стави крај на серијата од соништата на Италијанецот Лоренцо Сонего, победувајќи го со 6:4/6:4 во финалето на Виена опен и освојувајќи ја својата петта АТП титула во 2020, со што е најдобар на АТП турнејата.

Сонего, кој влезе на турнирот како „среќен губитник“, односно беше поразен во последното коло од квалификациите, претходно на турнирот го елиминираше светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ и Ден Еванс, но немаше одговор против расположениот Русин.

За Рубљов ова е трета титула во низа, откако претходно победуваше на турнирите во Хамбург и во Санкт Петерсбург. 23-годишниот Русин исто така има 39 победи во 2020, со што е израмнет со Новак Ѓоковиќ.

„Овој турнир ми е посебен, бидејќи мојата баба беше Австријка, така што во себе имам австриска крв. Навистина специјален момент“, изјави Рубљов.

Со победата тој е седмиот тенисер кој се квалификуваше за АТП финалето во Лондон покрај Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тим, Стефанос Циципас, Данил Медведев и Александер Зверев.

Share
Scroll to Top