И покрај добрите резултати кои ги бележи австриската репрезентација владее хаос поради војната што се води меѓу селекторот Ралф Рангник и претседателот на Фудбалскиот сојуз Клаус Митердорфер.
Рангник дојде во австриската репрезентација по епизодата во Манчестер јунајтед и успеа да ја стабилизира по колапсот во борбата за СП 2022 година.
Летово успеаја да се пласираат на Европското првенство кое се играше во Германија и генерално Австријците оставија добар впечаток.
Покрај атрактивниот фудбал што го прикажаа, групата успеаја да ја минат со победи над Полска и Холандија, но потоа Турција ги елиминираше од натпреварувањето.
Конфликтот меѓу Рангник и Митердорфер е борба за превласт во Фудбалскиот сојуз на Австрија. Рангник се побуни кога неговиот близок соработник и поранешен генерален директор, Бернард Нојхолдс беше отпуштен откако го „предизвика“ Митердорфер за позицијата прв човек на австрискиот фудбал.
Како што пишуваат тамошните медиуми, Митердорферер не сака да му прости на Рагник, а бидејќи е човек кој има голема моќ во тамошниот фудбал која не сака да ја сподели со никого, решил да се ослободи од Рангник иако селекторот има договор до 2026 година.
Германскиот стручњак се занимава и со други работи, како што е развојот на помладите категории, но и со прашањата за инфраструктурата во ФС.
Сите репрезентативци на чело со капитенот Марко Арнатовиќ испратија отворено писмо до јавноста со кое му дадоа у дадат поддршка на Рангник.
Поради ова добија опомена од Фудбалскиот сојуз, но тоа не ги спречи.
„Ние не сме само фудбалери кои знаат само да ја шутираат топката. Ние имаме мислење, мора да го почитувате. Изградивме нешто и се залагаме за професионализам. Така треба да работат сите во Фудбалскиот сојуз“, изјави Максимилијан Вебер.
Репрезентацијата на Австрија следниот натпревар ќе го одигра во четврток против Казахстан.