Легендарниот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Кун Агуеро се извини за скапото промашување на пеналот против Челси на „Етихад“ во саботата, кој ако го постигнеше најверојатно ќе значеше освојување на титулата од Премиер лигата.
Рахим Стерлинг ги донесе Сити во водство од 1:0, во моментите кога Агуеро имаше шанса да го реши мечот, но наместо тоа тој се обиде да направи „паненка“, која смешно заврши во рацете на Едуар Менди. По ова, Челси се вратија со головите на Хаким Зихеш и Маркос Алонсо за 1:2 победа.
„Сакам да се извинам на моите соиграчи, и на навивачите за пеналот. Тоа беше многу лоша одлука и ја преземам одговорноста“, вели 32-годишниот Аргентинец, кој на крајот на сезоната заминува од тимот.
Менаџерот Пеп Гвардиола, пак, одби да го критикува.
„Секогаш сум му велел дека треба да направи една одлука и да ја направи. Тој реши да направи така и немам што да додадам. Следниот пат ќе се обидеме да дадеме гол од пенал“, изјави Гвардиола.
I would like to apologise to my teammates, staff and supporters for missing the penalty. It was a bad decision and I take full responsibility.
— Sergio Kun Aguero (@aguerosergiokun) May 8, 2021