Попладнево на ждрепката во Нион, Шкендија го дозна името на противникот во плеј-офот за пласман во главната фаза, во Конференциската лига.
Шкендија, доколку во третото коло го елиминира претставникот на Шкотска, Хибернијан, во плеј-офот ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Гетеборг (Шведска) и Гент (Белгија).
Дуелите во плеј-офот се закажани за 20 и 27 август. Доколку се пласира во оваа рунда, Шкендија ќе биде домаќин во првиот натпревар.
Претходно, Шкендија во четврток гостува кај Хибернијан, а реваншот во Скопје ќе се одигра на 13 август.
Foto/ facebook.com/fcshkendija






