Сагата околу Хулијан Алварез трае цела лето. Играчот сака да оди во Барселона, но Атлетико не му дозволува. Сега во приказната влезе англискиот првак, Арсенал.
Хулијан Алварез, во текот на Светското првенство јавно побара од Атлетико да го пушти во Барселона. Каталонците, наводно биле подготвени да платата меѓу 100 и 120 милиони евра.
Атлетико нема намера, најмногу поради начинот на кој Барселона се обидува да дојде до Алварез, да го испрати на „Ноу Камп“ за помалку од 500 милиони, колку што изнесува клаузулата за откуп.
Во Атлетико истакнаа дека сакаат да го задржат играчот по секоја цена. Но, како што објавува „Ел Мундо депортиво“ (медиум близок до Барселона), тие сепак се подготвени да го пуштат. Но, не во Барселона, туку во Арсенал.
Шампионот на Англија го сака репрезентативецот на Аргентина и се подготвени да седнат на преговарачка маса со Атлеико.
„Јорганџиите“, на Арсенал нема да му бараат 500 милиони евра, веројатно би се согласиле со сумата што ја нуди и Барселона. Дури се споменува и кеш, околу 70 милиони евра и Виктор Ѓекереш, кој би бил замената за Алварез на „Метрополитано“.
Шпекулациите дека можеби нешто се случува на реалиција меѓу Атлетико и Арсенал, ги поттикна и престојот на спортскиот директор на „Јорганџиите“, Матеу Алемани во Лондон.
Шпански медиуми, оние од Мадрид, тврдат дека Алемани е во Лондон на преговори со Челзи, во обид да го донесе напаѓачот Николас Џексон на позајмица.
Што и да се случува понатаму, јасно е дека судбината на Алварез мора да биде решена во наредните 10 дена, до кога трае преодниот рок.
Foto/ Depositphoto






