Алварез од херој до трагичар – Сосиедад на пенали го освои Кралскиот Куп

Алварез од херој до трагичар – Сосиедад на пенали го освои Кралскиот Куп

пред 2 часа

Фудбалерите на реал Сосиедад се освојувачи на Купот на Кралот во сезоната 2025/26. На „Ла Картуха“ во Севилја, тие го победија Алтико Мадрид по изведувањето пенали со 4:3, во регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши 2:2.

Реал Сосиедад четврти пат во клупската историја го освои Купот на Кралот, додека Атлетико ќе почека на 11-от трофеј, последниот го освоија пред 13 години.

Апсолутен херој на Сосиедад е голманот Мереро, кој ги одбрани првите два удари, во пенал серијата. Тој ги запре Александер Серлот и Хулијан Алварез. Покрај овие двајца трагичар е и голманот Хуан Мусо, кој во првата минута од судиското продолжение во првото поувреме, беа потреба направи пенал, кој во гол за водство 2.1 го претвори Ојерзабал.

Сосиедад го шокира Атлетико во првиот напад, во 14-та секунда Баренечеа постигна гол. Израмни Лукман 18 минути подоцна.

Во второто полувреме се играше на половината на Сосиедад. „Јорганџиите“ пропуштија неколку шанси, а во 82-та минута Алварез изведе минјатура за 2.2. Кардозо во 91-та имаше голема шанса, во ситуација „еден на еден“ Мереро го одбрани неговиот удар.

Хуан Мусо имаше две спектакуларни интервенции во 97-та минута по ударите на Сучиќ и Оскарсон, а три минути подоцна, страотен удар на Алварез, но гредата беше сојузник ан Мереро.

Share
Scroll to Top