Алегри бесен на челниците на Јуве, смета дека е измамен!

Алегри бесен на челниците на Јуве, смета дека е измамен!

пред 3 години

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри е разочаран со активнстите на клубот во летниот преоден рок и бесен е на челниците на „Старата дама“ затоа што не ги добил играчите на кои се надевал, јавуваат италијанските медиуми.

Алегри се врати во Јуве по неуспешниот експеримент на трофејниот италијански клуб со Андреа Пирло на клупата, но стратегот со клубот од Торино зема само 1 бод на првите два меча од новата сезона.

Иако Локатели и Кин дојдоа кај „бјанконерите“, сепак заминувањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед одекна како вистинска бомба.

Алегри поради клупската политика им замерува на претседателот Андреа Ањели и спортскиот директор Федерико Черубинија.

На двајцата, пишуваат медиумите на „Чизмата“, им порачал:„Не се договоривме така“ алудирајќи на условите под кои реши да се врати во клубот.

Share
Scroll to Top