Масимилијано Алегри, ова лето, се врати на клупата на Јувентус. Една од првите работи што ги направил по враќањето била да го стопира трансферот на Џиџи Донарума. Голманот на италијанската репрезентација, долго време се поврзуваше со Јувентус, на крајот како слободе играч се пресели во ПСЖ.
„Газета дело Спорт“, тврди дека Алегри им замерил на челниците дека му понудиле на голманот преголема плата.
„Јувентус имаа договор со Донарума. Голманот не потпиша договор со нив бидејќи Алегри сметаше дека платата од 10 милиони евра по сезона е преголема“, пишува „Газета дело Спорт“.
Прашање е дали Алегри веќе на почетокот на сезоната жали за оваа своја одлука. Голманот Војчех Шчесни, имаше катастрофални реакции во првото и третото коло, против Удинезе односно Наполи.
Поради неговите грешки Јуве освоија само бод кај Удинезе (2:2) и доживеаја пораз од Наполи (2:1).