Лидс јунајтед успеа да го поебди лидерот Манчестер сити, на „Етихад“ со 2:1. Македонскиот репрезентативец Алиоски, го одигра целиот натпревар, доби жолт картон во 66.минута, а во 91.минута му асистираше на Далас, кој го постигна голот за победа.
Лидс јунајтед храбро му се спротивставија на фаворизираниот противник. Први постигнаа гол преку Далас во 42.минута, а потоа успеаја да се одбранат од нападите на Сити со играч помалку. Капитенот Купер, поради невнимателн старт доби црвен картон во 45.минута.
Сити, константно притискаа во вториот дел, надмоќта ја материјализираа во 75.минута, кога Феран Торес успеа да израмни на 1:1.
Лидс во вториот дел чекаше можност да нападне од контра и го дочека тој момент во 91.минута. Алиоски со додавање од 30 метри, го спои со голот Далас, кој топката низ нозете на Едерсон ја испрати топката во мрежата.
Сити и покрај поразот, трет за нив на домашен терен обаа сезона, има голема предност на врвот. Лидс се деветти со 45 поени.