Алкараз знае да игра и на трева, Изнер го исфрли Мареј

Алкараз знае да игра и на трева, Изнер го исфрли Мареј

пред 2 години

Новата шпанска тениска ѕвезда, Карлос Алкараз, првпат во кариерата го мина второто коло на тревнетите терени во Лондон, откако со 6:4/7:6(0)/6:3 го совлада Холанѓанецот Талон Грикспор.

Алкараз, кој далеку подобро се чувствува на турнирите на земјена подлога, имаше лошо прво коло против германскиот ветеран Јан-Ленард Штруф, а во третото коло ќе игра со уште еден Германец, Оскар Оте.

Двократниот шампион од Вимблдон и поранешен светски број 1, Енди Мареј немаше толку среќа, откако налета на Американецот Џон Изнер (сопственикот на рекордот за најдолг меч во историјата на турнирот), и немаше одговор за силниот сервис на противникот, губејќи со 6:4/7:6(5)/6:7(3)/6:4.

Со елиминацијата на Шкотланѓанецот се расипа денот за домашната публика, откак претходно беше елиминирана и шампионката од САД опен, Ема Радукану.

Средата не беше добра ниту за шампионката од 2017 година, Шпанката Гарбиње Мугуруза, која заврши во солзи по 6:4/6:0 поразот од Белгијката Гретје Минен. Мугуруза плачеше меѓу поените во вториот сет, во кој имаше само 9 директни победнички топки и направи дури 21 неизнудена грешка.

Ваков проблем немаше уште една поранешна шампионка, Германката Анџелике Кербер, која со 6:3/6:3 ја совлада Полјачката Магда Линет за пласман во третото коло по час и 25 минути игра.

Share
Scroll to Top