Алпине Ф1, тимот кој до минатата сезона беше познат под името Рено, му го продолжи договорот на Естебан Окон до 2024 година, продолжувајќи ја соработката која трае речиси цела деценија.
Окон дебитираше во Ф1 со Мејнор во 2016 година, по што две сезони беше во Форс Индија, за во 2019 да биде тест-возач на Мерцедес и да добие шанса минатата сезона со Рено. Тој врати со првиот подиум во кариерата на Сакир ГП во 2020, а оваа сезона има 4-2 скор против Фернандо Алонсо во квалификациите, завршувајќи четири пати пред Алонсо, иако губи со 13-12 во поени.
Со ова Алпине го имаат комплетирано составот за следната година, бидејќи и Алонсо има договор за 2022, и ова ќе биде првпат од 2014/15 тимот да има исти возачи две сезони едноподруго.
„Пресреќен сум што ќе продолжам со тимот за кој давам максимум. Работиме добро заедно и мислам дека можеме да бидеме многу подобри. Пред нас е големиот предизвик со новите правила во Ф1 во 2022 и мислам дека можеме да изградиме победнички тим“, изјави Окон.