Аморим: Руд е легенда, ќе видиме дали ќе остане

Аморим: Руд е легенда, ќе видиме дали ќе остане

пред 3 дена

Ја заврши својата мисија во Лисабон и се упати кон Манчестер. Рубен Аморим последен пат го водеше Спортинг, неговиот тим направи спектакуларен пресврт во Брага (од 2:0 до 2:4). По репрезентативната пауза ќе го води Манчестер јунајтед. На клупата доаѓа на местото на Ерик Тен Хаг.

Сепак, на „Олд Трафорд“, опоравувањето веќе започна под водство на Руд ван Нистелрој.

Холанѓанецот, го наследи Тен Хаг како привремен менаџер, забележа три победи во четири натпревари и ремизираше против Челзи.

„Руд ван Нистелрој е легенда на Манчестер јунајтед. Тој заврши одлична работа“, изјави Аморим.

Фановите, но и фудбалерите сакаат легендарниот центарфор да остане.

„Дали ќе остане? Ќе разговарам со него следните неколку часа и потоа ќе објаснам се. Ќе видиме“.

Share
Scroll to Top