Англиските тимови против остатокот на Европа – Започнува осминафиналната фаза во ЛШ

Англиските тимови против остатокот на Европа – Започнува осминафиналната фаза во ЛШ

пред 4 часа

Вечерва започнува осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Ова фаза ќе ја обележат шпанско-англиските пресметки, две од трите на програмата се вечерва.

Галатасарај и Ливерпул од 18.45 часот ќе ја отворат осминафиналната фаза.

Ливерпул, во септември минатата година гостуваше кај Галатасарај. Турскиот првак победи со 1:0.

„Во отворена игра бевме доста слични, на крајот полувремето заврши со пенал. Значи, веќе ги познававме добро, а бидејќи гледав повеќе од нивните натпревари, моето почитување кон менаџерот само се зголеми. Тие играа против Бешикташ во саботата и ги победија и покрај тоа што имаа десет играчи, што ви кажува сè за нивната борба. Ќе мора да бидеме добро организирани.

Галатасарај има многу оружја; транзицијата е едно од нив. Осимен е одличен напаѓач, може да постигне гол на повеќе начини. Јилмаз беше премногу брз за нас двапати во првото полувреме. Мора да бидеме внимателни во врска со тоа и ќе бидеме, но познавањето на моќта не мора да значи дека можете да ја спречите“, објасни тренерот на Ливерпул, Арне Слот.

Една од трите шпанско-англиски пресметки ќе се одигра во Марид. Тотенхем гостува на стадионот каде го доживеа најболниот пораз во историјата. Во 2019 година на стадионот на Атлетико, Тотенхем во финалето во Лигата на шампионите загуби од Ливерпул (0:2).

„Со секоја нова сесија, гледам зголемување на квалитетот. Важните играчи исто така се враќаат. Некои стари навики бараат подолго време отколку што очекувате да се променат. Не е лесно да се промени она што го правите една година“, рече стратегот на Тотенхем, Игор Тудор.

Тотенхем е во очајна форма, се бори за опстанок во Премиер лигата, а новиот тренер Тудор ги загуби трите натпревари откако го презеде клубот.

Њукасл, веројатно, го има најголемиот предизвик пред себе, ќе ја пречека Барселона.

„Страките“ и Каталонците играа во првата фаза, во септември, Барселона победи во Њукасла, со головите на Маркус рашфорд.

„Ова е најголемиот натпревар во нашата понова историја. Улогата на аутсајдер ни помогна кога шансите беа против нас и кога моравме да ги користиме сите психолошки алатки што можеме. Игравме добро, особено во првото полувреме од натпреварот создадовме одлични шанси за гол. Ние не ги искористивме нашите, а тие ги искористија своите…“, рече менаџерот на Њукасл, Еди Хау.

Лига на шампиони, вторник:

Галатасарај – Ливерпул 18:45 часот
Аталанта – Баерн 21:00 часот
Њукасл – Барселона 21:00 часот
Атлетико (М) – Тотенхем 21:00 часот

среда:

Баер (Л) – Арсенал 18:45 часот
Бодо/Глимт – Спортинг 21:00 часот
Реал (М) – Манчестер Сити 21:00 часот
ПСЖ – Челзи 21:00 часот

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top