Англичанецот од ФИФА доби дозвола да игра за Германија

Англичанецот од ФИФА доби дозвола да игра за Германија

пред 4 години

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), соопшти дека фудбалерот на баерн Минхен, Џамал Мусила, добил дозвола да игра за сениорската репрезентација на Германија.

Фудбалерот е роден во Германија, кога имал седум години неговите родители се преселиле во Англија. Во ноември минатата година, Мусиала, одигра два натпревари за младата репрезентација на Англија.

Неодамна, тој изјави дека негова желба е да игра за Германија.

Селекторот на Германија, во заминување, Јоаким Лев, сега ќе може да го повика за претстојните квалификациски натпревари, меѓу кои е и дуелот со Македонија на 31.март.

Џамал Мусиала, пред две недели стана најмладиот стрелец на баерн во Лигата на шампионите, а минатата недела го потпиша својот прв професионален договор со славниот клуб.

Share
Scroll to Top