Англичаните бараат финалето на ЕУРО да се преигра – причина е прекршокот на Кјелини

Англичаните бараат финалето на ЕУРО да се преигра – причина е прекршокот на Кјелини

пред 3 години

Фудбалските навивачи во Англија покренаа петиција да се преигра финалето на ЕП, мечот меѓу „Гордиот Албион“ и „Азурите“.

Како причина за ова барање го наведуваат, според нив, лошо досудениот момент во финишот на регуларните 90 минути кога капитенот на Италија, Џорџо Кјелини го повлече за дрес играчот на Англија, Букајо Сака.

Се играше 96 минута кога Сака беше во контранапад, Кјелини беше исфрлен од рамнотежа, па со двете раце го фати Сака за горниот дел од дресот, кај вратот и силно го повлече за да спречи негов продор покрај десбата аут линија.

Англискиот фудбалер од силината на прекршокот се најде на тревникот.

Италијанскиот стопер за овој старт доби само жолт картон, а многумина сметаат дека неговата казна е премала, фановите бараа исклучување.

Со петицијата се бара повторување на мечот и судење од арбитар кој нема да е пристрасен. Покренати се повеќе петиции и според информациите на англиските медиуми, одзивот на нив е голем.

Англија загуби на пенали од Италија, па „Азурите“ веќе се во татковината со драгоцениот пехар каде продолжува славјето на титулата.

Share
Scroll to Top