Англискиот репрезентативец Фил Фоден привремено ја напушти репрезентацијата, потврдија од фудбалски сојуз на Англија.
Во соопштението се наведува дека на играчот на Манчестер Сити му е дозволено да се врати во татковината, поради семејни проблеми.
Но причина за неговото патување во Манчестер е раѓањето на неговото трето дете. Тој ќе се приклучи на тимот најдоцна во недела, информираат од таму.
Фоден беше дел од тимот кој заврши на првото место во групата Ц. Тој играше на сите три натпревари, но не успеа да постигне гол или асистенција.
Во осминафиналето на Европското првенство Англија ќе игра против Холандија или третопласираната селекција од групата Е.
Доколку ја надминат таа пречка, во потенцијалното четврт-финале ги чекаат Италијанците или Швајцарците.