Англија доминанта во првото полувреме

Англија доминанта во првото полувреме

пред 2 дена

Во првото полувреме Англичаните беа подобар противник.

Ги контролираа случувањата на теренот и не дозволија предвремениот примен гол да ги вознемири. Симонс ја искористи грешката на Рајс во седмата минута и со силен удар го совлада Пикфорд.

Следеше притисок, во кој по 11 минути од приемот Англичаните постигна израмнувачки гол преку Кејн од пенал.

Продолжија да притискаат и имаа две одлични прилики преку Фоден, чиј удар од шеснаесетникот најпрво го сопре Дамфрис, а нешто подоцна играчот на Манчестер Сити ја погоди стативата.

Холандија имаше големи проблеми со англиските крилни бекови, а нивниот концепт беше сменет со излегувањето на Депај поради повреда.

Се обидоа да се заканат со контра, но Пикфорд беше неактивен во поголемиот дел од првото полувреме. Беа надиграни од Англичаните на средината на теренот и тоа е најголемата причина за лошото издание на „лалињата“.

Ќе треба селекторот на Холандија Куман да промени нешто на паузата, со оглед на тоа што Англичаните беа се поблиску до голот како одминуваа минутите и прашање е колку одбраната предводена од Ван Дијк ќе може да се одржи.

 

 

Share
Scroll to Top