Англија ја победи Панама, Хрватска славеше против Гана

Англија ја победи Панама, Хрватска славеше против Гана

пред 4 часа

Англија и Хрватска ги освоија првите две позиции во Л групата, а заедно со нив во нокаут фазата ќе продолжи Гана, додека Панама го заврши учеството на СП. Во последното коло во групата, Англија ја победи Панама со 2:0, а Хрватска ја совлада Гана со 2.1.

Иако Англија беше голем фаворит, Панама добро се држеше во првото полувреме против фаворизираниот противник. Блескаше во првиот дел голманот на Орландо, Москера, кој одбрани неколку тешки топки.

Отпорот на Панама беше скршен во 63-та минута. По корнерот на Букајо Сака, Џуд Белингам со прекрасен волеј удар го постигна својот втор гол на турнирот.

Само неколку минути подоцна, Англија ја потврди победата. Белингам одлично центрираше од десната страна, а Хари Кејн со глава ја затресе мрежата за 2:0.

Со овој гол, капитенот на Англија стана најдобриот стрелец на својата репрезентација во историјата на завршните турнири на Светското првенство, претекнувајќи го Гари Линекер.

Англичаните ќе играат против третопласираниот од групите И, J или K, а тоа се Сенегал, Австрија, Алжир или ДР Конго.

Хрватска е зад Англија во групата и во нокаут фазата ќе игра против Португалија или Колумбија.

Хрватите поведоа со голот на Петар Сучиќ во 32-та минута. Играчот на Интер прецизно шутираше од 25 метри.

Во вториот дел Хрватите се повлекоа, Гана ја презеде инцијативата, што резултираше со гол за 1:1, преку Лукасен.

Хрватска веднаш повотрно нападна, Марио Пашалиќ имаше фантастична можност само неколку минути по влегувањето на теренот, но голманот на Гана беше уште подобар.

Сепак, не помина ниту минута, Никола Влашиќ беше нависок во скокот по корнерот на Лука Модриќ со што и ја обезбеди победата на Хрватска.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top