Сонот на македонските фудбалери дека можат пред се да изборат пласман во финалето, во рамките на баражот за пласмна на Мундијалот, на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, траеше 52 минути. Толку издржа бункерот на Гоце Седолски, по првиот гол на Дамсгард неговата концепција се распадна, следуваа два гола на Исаксен за помалку од две минути и тука беше крај на приказната.
Пред натпреварот во Копенхаген, на сите им беше јасно дека Данска и неколку важни играчи е голем фаворит против Македонија. Сепак никој не очекуваше дека избраниците на Гоце Седолски ќе паднат „без испукан куршум“.
Да, во право е селекторот кога рече дека тактички тимот изгледал добро во првото полувреме. Данците и покрај теренската иницијатива и 13 удари (пет во рамките на голот) не создадоа сериозна шанса. Но во исто време, Македонија, ниту еднаш не успеа да се закани и не само тоа, не шутнаа фудбалерите на Седлоски ниту еднаш не шутнаа кон голот на третиот голман (Шмајхел и Јоргесен се повредени) на Данска.
Играта во дефанзивата се распадна како кула од карти по првиот гол.
„Ставив во игра фудбалери кои се стандардни во клубовите и верував во нив. Сега не сакам да анализарам, жешки се главите, но сигурно дека во иднина ќе има промени во тимот. Сигурно дека проблемот е и во главата, не треба да паѓа концентрација. Примаш гол и за десет минути добиваш уште три во мрежата“, рече веднаш по натпреварт селекторот Седолски.
И да ќе има што да анализира, а челниците во Фудбалската федерација ќе треба да се запрашаат дали пред ваков важен натпревар требаше да следува смена на селекторот.
Дуелот во Копенхаген беше прв за Седлоски како селектор, значи имаше само неколку дена да се запознае со играчите, да ја подготви тактиката…
Впечатокот од Копенхаген, Македонија ќе има можност да го поправи во вторник, кога ќе гостува кај Република Ирска.
Foto/ ffm.mk






