Анри за Мбапе: Доби се што побара, мора да остане!

Анри за Мбапе: Доби се што побара, мора да остане!

пред 3 години

Се чини дека младата француска фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе е на излезна врата во ПСЖ, а со совет до сонародникот се јави легендата на „Триколорите“ и на Арсенал – Тиери Анри.

Тој смета дека Мбапе треба да остане во ПСЖ.

„Мислам дека сега имаме натпреварувачки најсилен состав. Мбапе нема друг избор освен да остане во Париз. Верувам дека сите во клубот ја знаат неговата иднина. Тој е многу компетитивен играч. Сака победи, сака трофеи и тоа го кажа јавно. Сакаше силна екипа, ама не може да добие посилна од оваа. Не треба да размислува за ништо друго освен за останување. Тој е страшен стрелец, во тоа се уверив. Мбапе го почитува својот договор, не прави ништо лошо. Се надевам дека ќе остане“ рече Анри.

За потсетување, Реал Мадрид синоќа испрати понуда од 160 милиони евра за младиот Французин.

Share
Scroll to Top