Анчелоти сепак нема да биде селектор на Бразил

Анчелоти сепак нема да биде селектор на Бразил

пред 11 часа

Преговорите меѓу Карло Анчелоти и Фудбалската асоцијација на Бразил би можеле да пропаднат, објавија шпанските медиуми „АС“ и „Марка“ и бразилски „Глобо“.

„Анчелоти во вторник вечерта отпатува за Лондон за да потпише договор со Бразилската фудбалска асоцијација. Тој не го стори тоа, но менаџерите одговорни за спроведување на договорот очекуваа Анчелоти да го потпише договорот во среда во Мадрид. Сепак, ништо нема да произлезе од тоа бидејќи Анчелоти им кажал дека сепак нема да ја прифати понудата. Тој лично го повика Еденлдо Родригез, претседателот на Бразилската фудбалска асоцијација, и му се заблагодари за понудата“, пишува „Марка“ и додава:

„Дон Карло сега разгледува голема понуда од Саудиска Арабија вредна 50 милиони евра по сезона“.

Во текот на ноќта, шпанските медиуми објавија дека Ал Хилал, му нуди на тренерот на Реал богат договор.

Во секој случај, Карло Анчелоти нема да биде тренер на Реал уште долго. По овој развој на настаните, се чини дека тој нема да го предводи клубот на Светското клупско првенство, туку ќе си замине по завршувањето на сезоната во Ла Лига. До крајот остануваат уште пет кола, а актуелниот шампион Реал има четири бода помалку од лидерот Барселона.

Во текот на својата богата кариера, тој предводеше многу клубови, меѓу кои Милан, Јувентус, Челзи, Пари Сен Жермен, Баерн Минхен, Наполи, Евертон.

Share
Scroll to Top