Арбелоа одржал кризен состанок

Арбелоа одржал кризен состанок

пред 3 часа

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа состанок со играчите по вториот последователен пораз во домашниот шампионат, објави радиото „Кадена Копе“.

Во претходното коло, „Кралскиот клуб“ загуби од Хетафе со 1:0, претходно доживеа пораз во Осасуна (2:1), па предноста од еден бод во однос на Барселона се претвори во минус четири.

Вториот последователен неуспех во првенството дополнително ја продлабочи кризата во клубот.

Според шпанските медиуми, во понеделникот, Арбелоа разговарал со играчите, за да се обиде да раздвижи тимот.

Густиот распоред дополнително ја комплицира ситуацијата. Во петок, Реал Мадрид гостува кај Селта во Виго, следува приот осминафинален натпревар со Манчестер Сити, дуелот со Елче во Мадрид, па реваншот со „граѓаните“ во Лигата на шампионите.

Пред репрезентативната пауза е закажано градското дерби на „Сантијаго Бернабеу“ против Атлетико Мадрид.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top