И покрај тоа што неодамна му ја одземаа капитенската лента на Пјер-Емерик Обамејанг за уште една фрустрација на навивачите, Арсенал успеаја да се искачат на четвртото место во Премиерлигата по 2:0 победата над Вест хем во лондонското дерби.
Габриел Мартинели доби одлична топка од привремениот капитен Александер Лаказет во 48. минута за да ја скрши одбраната на Вест хем, а самиот Лаказет имаше шанса во 68. минута стави точка на мечот кога беше досуден пенал за „топчиите“, a Владимир Цуфал доби црвен картон. Меѓутоа, третпат едноподруго во Премиерлигата, Арсенал не успеа да постигне гол од пенал. Емил Смит-Роу во 87. минута, конечно, ја потврди победата.
„Топчиите“ сега се четврти со 29 поени, еден пред Вест хем и два пред Манчестер јунајтед, но далечни седум поени зад Челси, кои се трети.
Во другите мечеви, Кристал палас и Саутемптон одиграа интересно 2:2 реми, додека Вулверхемптон извлече 1:0 победа на гостувањето кај Брајтон на стартот на напорниот распоред на Премиерлигата за празничен фудбал.
ПРЕМИЕРЛИГА, 17.КОЛО
Арсенал – Вест хем 2:0
Брајтон – Вулверхемптон 0:1
Кристал палас – Саутемптон 2:2