Менаџерот на Арсенл, Микел Артета ја посвети победата од 1:0 над Лестер во саботата на Олександер Зинченко, кој играше со капитенската лента на годишнината од руската инвазија на Украина.
„Сакавме да победиме за него, за неговото семејство и неговите сакани, како и за сите Украинци кои го инспирираа светот со својот борбен дух кој го покажуваат веќе една година“, изјави Артета по мечот.
Зинченко стана еден од клучните играчи на „топчиите“ по трансферот од Манчестер сити минатата сезона, со 17 настапи во Премиерлигата.