„Атаман повеќе да работи, помалку да зборува, Слукас нема самодоверба“

„Атаман повеќе да работи, помалку да зборува, Слукас нема самодоверба“

пред 7 месеци

Пини Гершон,легенда на Макаби и европската кошарка, кој со Макаби ја освои Евролигата во 2004 и 2005 година, го критикуваше Панатинаикос и пред се тренерот Ергин Атаман.

Макаби води со 2-1 во четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата, а четвртиот меч се игра вечерва во Белград.

„Атаман зборува повеќе отколку што си ја врши својата работа како тренер. Разбирам дека е под голем притисок, но мислам дека за следната сезона е поблиску до Турција отколку до Грција. Не сакам да се мешам во политика бидејќи тоа се глупости“, вели 72-годишниот Гершон и додава:

„Тој и Димитрис Јанакопулос (сопственикот на Панатинаикос) ја измислија приказната за да ги стават судиите под притисок, но однесувањето на Панатинаикос во последните години не прави Евролигата да биде на нивна страна.“

На Гершон не му се допадна говорот на телото на Атаман ниту за време на третиот натпревар.

„Некои играчи на Панатинаикос не го сакаат за тренер. Во третиот натпревар седна на клупата, а тоа испраќа лоша порака до играчите. Тренерот секогаш треба да биде активен, за играчите да почувствуваат дека е присутен“.

Вејд Болдвин, кој не играше во третиот натпревар е неизвесен и за натпреварот број 4.

„Макаби е подобар тим со Болдвин, но покажаа дека се супериорни и без него. Ако се врати по четврти натпревар, тоа може да биде големо психолошко засилување за нив“.

Исто така, Гершон смета дека на Костас Слукас му недостасува самодоверба.

„Кошаркарите на Панатинаикос ја изгубија самодовербата, видов играч од 3,5 милиони евра без самодоверба. Слукас е искусен, но ја загуби самодовербата“, заклучува Гершон.

Share
Scroll to Top