Атаман: Разочаран сум, в раце ја имавме победата

Атаман: Разочаран сум, в раце ја имавме победата

пред 12 часа

Ергин Атаман, селектор на Турција, зборуваше на прес-конференција по неуспехот во финалето на Евробаскетот.

Неговата репрезентација загуби од Германија во финалето во Рига (88:83) во трилер завршница.

„Мислам дека во текот на овие три недели во Рига на Евробаскетот, разговаравме за сè и немам ништо ново да кажам. Многу сме тажни поради поразот, потресени, но ѝ честитам на Германија за освојувањето на шампионатот“, рече Атаман на почетокот.

Набрзо беше прашан за шутот на Алперен Шенгун за три поени во финишот.

„Не сакам да коментирам за одлуките на играчите. Натпреварот заврши. Шенгун шутираше и немам што да кажам“, кратко одговори селекторот.

Ова е прв пат Турција да освои медал на гостински терен.

„Секогаш кога губам, нема позитивни работи. Можеби можеме да разговараме утре. Многу ми е жал што загубивме, го имавме во наши раце натпреварот. Ништо не е позитивно“, заклучи Атаман.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top