Атлетико Мадрид доживотно им забрани влез на „Метрополитани“ на девет навивачи

Атлетико Мадрид доживотно им забрани влез на „Метрополитани“ на девет навивачи

пред 2 недели

Атлетико Мадрид доживотно суспендираше девет навивачи поради расизам и недолично однесување, објави клубот. Атлетико Мадрид ја заврши истрагата по инцидентите кои се случија на дербито против Реал Мадрид и на натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика.

За време на мадридското дерби беа фрлени голем број предмети и факели од долните трибини во јужниот дел на стадионот, додека во Лисабон дел од навивачите се однесуваа на расистички начин.

Процесот на идентификација на инволвираните траеше речиси еден месец, а клубот во соработка со полицијата го прегледа целиот аудиовизуелен материјал што беше на располагање.

Клубот успеа да идентификува девет лица на кои им беше доживотна забрана за присуство на натпреварите на Атлетико.

„Уште еднаш повторуваме дека силно го осудуваме секое изразување на насилство и нашата посветеност да се бориме против ваквите ставови на кои не им е место во фудбалот и кои го нарушуваат имиџот на Атлетико Мадрид“, соопштија од клубот.

Share
Scroll to Top