Баерн во „поход“ на Лајпциг – го добија и Марсел Забицер

Баерн во „поход“ на Лајпциг – го добија и Марсел Забицер

пред 3 години

Баерн Минхен во финишот на преодниот рок го остварија најавуваниот трансфер на Марсел Забицер, ѕвездата на директниот ривал за титулата во Бундеслигата, РБ Лајпциг.

Австрискиот фудбалер од средниот ред се обединува со својот поранешен тренер Јулијан Нагелсман и го добива дресот број 18 во Баерн. Сумата која Баерн ја плаќа е околу 16 милиони евра, бидејќи договорот на Забицер завршуваше на крајот на сезоната.

Тој е трет човек кој доаѓа од Лајпциг ова лето, по менаџерот Нагелсман, како и централниот дефанзивец Дајот Упамекано.

„Пресреќен сум што ќе играм за Баерн, бидејќи и како дете го носев дресот на Баерн со голема гордост, и секој Божиќ добивав нов. Ќе дадам се за клубот да освои многу титули“, вели 27-годишниот Забицер.

Share
Scroll to Top