Баерн ги прекинале преговорите со Алаба

Баерн ги прекинале преговорите со Алаба

пред 4 месеци

Давид Алаба ја игра својата последна сезона во Баерн Минхен. Двате страни, неколку месеци преговараа, но не успеаја да најдат заеднички јазик, околу новиот договор на Австриецот.

Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер, рекол дека клубот ја повлекол понудата која ја имал за 28-годшиниот фудбалер.

„Со оглед на тоа во какво време живееме, нашата понуда беше повеќе од фер и коректна. Му кажавме дека сакаме да добиеме одговор до крајот на октомври. Тој не одговори на нашата понуда. Потоа го контактиравме неговиот менаџер кој ни кажа дека понудата не е доволно добра. Решивме да се повлечеме од преговорите, повеќе не постојат шанси да му понудиме нов договор“, рекол Хајнер.

Договорот на Алаба со Баерн истекува во јуни наредната година, тој во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови.

Наводно, Алаба од Баерн барал 25.000.000 евра по сезона, додека челниците на актуелниот европски шампион најмногу можеле да му понудат 15.000.000 евра годишно.

Share

Watch Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song Episode Full - Cam at website https://crunchyrollfree.com best free anime on crunchyroll

Watch Sword Art Online Alicization War of Underworld Episode 5 (https://animeflix.nl/m/Dg4J/ep-5) at ANIMEFLIX animeflix kamisama kiss

Scroll to Top