Бан „златна“ во дисциплината 10 метри воздушна пушка, Мојсовска го освои 31.место

Бан „златна“ во дисциплината 10 метри воздушна пушка, Мојсовска го освои 31.место

пред 3 месеци

Репрезентативката на Јужна Кореја во стрелаштво Хјоџин Бан го освои златниот медал во дисциплината 10 метри воздушна пушка на Олимписките игри во Париз.

Бан претпладнево, во драмтичноот финале ја победи Јутин Хуанг од Кина. Бан победи со резултат од 251,8 круга.

Сребрениот медал го освои Кинеската Јутин Хуанг со исто така 251,8 кругови, но беше нешто понепрецизна од Бан. Швајцарската репрезентативка Одри Гоњат ја освои бронзата со 230,3 кругови.

Во оваа дисциплина, вчера во квалификациите настапи Анастасија Мојсовска. Во конкуренција на 43.натпреварувачки таа го освои 31.место.

Со денешната победа на Бан продолжи доминацијата на натпреварувачките од Јужна Кореја во стрелаштво.

Претходно во неделата, Џин Је О го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол 10 метри.

Таа победи со олимписки рекорд од 243,2 круга.

Share
Scroll to Top