Барнли, конечно, стигна до првата победа во новата сезона

Барнли, конечно, стигна до првата победа во новата сезона

пред 4 години

Барнли, малиот клуб од северна Англија кој последните неколку сезони беше постојано во топ 10 во англискиот фудбал, го прекина лошиот старт на сезоната со првата победа во деветтото коло во Премиер лигата, обезбеден со минимални 1:0 над Кристал палас.

Тимот на Шон Дајч, дојде во водство уште во осмата минута, кога Крис Вуд ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите за да постигне убав гол. Палас беа без својот најдобар стрелец, Вилфрид Заха, кој непосредно пред мечот имаше позитивен тест на КОВИД-19.

Со победата, Барнли скокнува на 17. место на табелата со 5 поени, оставајќи ги само Вест Бромвич Албион и Шефилд јунајтед како тим без победа во ПЛ. Палас остануваат на 10. место со 13 поени.

Share
Scroll to Top