Фудбалерите на Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи од исто толку натпревари.
Блауграната има шест триумфи во Ла Лига и уште еден во Лигата на шампионите.
Досега, најдобрите рекорди беа во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред.
Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да биде лидер во Ла Лига, три бода пред Реал Мадрид.
Тие исто така акумулираа рекорд и по бројот на постигнати голови, 33 во седум натпревари, што е просек од пет гола по натпревар.
Тимот постигна „само“ два гола во натпреварот против Билбао, им дадоа четири на Леванте, пет на Елче, Рајо Ваљекано, Валенсија и Феенорд и седум на Расинг.
Во оваа серија особено се истакна Рафиња. Бразилецот успеа да постигне дури 11 гола како централен напаѓач.
Дури ни Лионел Меси немал ваков старт во една сезона. Рафиња успеа да го надмине рекордот на најдобриот играч на Барселона на сите времиња, од почетокот на сезоната 2012/13.
Foto/ EPA






