Барселона испадна од Купот и остана без Балде и Кунде

Барселона испадна од Купот и остана без Балде и Кунде

пред 5 часа

Барселона, синоќа го победи Атлетико (3:0), но не успеа да се пласира во финалето на домашниот Куп. Пресуди победата од 4:0, што ја забележа Атлетико во првиот натпревар.

Ден по натпреварот, тренерот Ханси Флик, доби лоши вести кога станува зброр за Жил Кунде и Алехандро Балде.

Кунде се повреди на почетокот од натпреварот, на неговото место влезе токму Балде, кој во средишницата на вториот дел, исто така поради повреда го напушти теренот.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Балде го чека исклучително долга пауза поради повреда на „задната ложа“ и дека оваа сезона би можела да биде завршена за него. Во најдобар случај, тој ќе се врати на крајот на април ако закрепнувањето оди побрзо од очекуваното.

Кунде, исто така, се здоби со истата повреда, но неговата ситуација не е толку сериозна како онаа на Балде.

Кога станува збор за Французинот, тој ќе биде на теренот најмалку три недели, што е исто така голем удар за Барселона во најважните натпревари од сезоната кога станува збор за Лигата на шампионите и Ла Лига.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top