Барселона му нуди на Чави да остане уште една сезона

Барселона му нуди на Чави да остане уште една сезона

пред 10 месеци

Тренерот на Барселона Чави Ернандез добил неофицијална понуда да остане на чело на тимот и во следната сезона, открива каталонски „Спорт“. Пред еден месец тренерот на Барселона, по поразот на домашен терен од Виљареал (3:5), објави дека ќе си замине на крајот на сезоната. Тогаш кажа дека одлуката ја донел многу порано и дека нема да ја менува.

Кога Чави објави дека ќе го напушти клубот, клупските челници не излегоа со официјална изјава. Медиумите шпекулираа со името на можноот наследник.

„Спорт“, пишува дека во изминатиот период, клупските челници заклучиле дека според околностите најдобро би било Чави да продолжи да го води тимот. Инаку, Чави има договор со Барселона до јуни 2025 година.

Предлогот да остане дошол од потпретседателот Рафа Јусте, кој доби одобрение од претседателот Жоан Лапорте.

Чави ја презеде Барса во ноември 2021 година и ја предводеше до титулата во шпанската лига во сезоната 2022/23.

Share
Scroll to Top