Барселона одбиле понуда од Минхен за Роналд Араухо

Барселона одбиле понуда од Минхен за Роналд Араухо

пред 9 месеци

Барселона нема намера да се откаже од услугите на Роналд Араухо. Уругваецот е трансфер мета на германскиот великан, Баерн.

Германските медиуми тврдат дека Баерн Минхен е подготвен да понуди 70 милиони евра за Роналд Араухо, но Каталонците нема да ја разгледаат таа понуда бидејќи Уругваецот е „недопирлив“.

Томас Тухел лично му се јавил на Араухо за да му го претстави проектот на Баерн со него во центарот на одбраната, но и Уругваецот изјави дека размислува само за Барселона.

Се очекува Баерн Минхен на лето да започне нова иницијатива за Араухо, но иако Барса сака да продаде еден од дефанзивците, прв ќе биде Андреас Кристенсен кој го загуби стартното место, а Чави се повеќе му верува на Ињиго Мартинез.

Share
Scroll to Top