Барти: Тоа што воопшто заиграв на Вимблдон е вистинско чудо!

Барти: Тоа што воопшто заиграв на Вимблдон е вистинско чудо!

пред 3 години

Австралиската тенисерка Ешли Барти (25) стигна до својата втора грен слем титула во кариерата откако попладнево во три сета беше подобра од Каролина Плишкова на турнирот Вимблдон.

„Беше тоа најневеројатното чувство кое можете да го доживеете на тенискиот терен. Во еден момент бев во потполна неверица. Толку многу работев со мојот тим за да дојдам до ова. Драго ми е што сум прва Австралијка по 41 година која го освојува Вимблдон. Се надевам дека оваа победа ќе влијаат на некои девојчиња да тргнат во освојување на своите соништа“ рече Барти.

Таа признава дека не се надевала дека воопшто ќе настапи на грен слемот во Лондон.

„По повредата на Ролан Гарос во втората рунда делуваше дека ќе морам да одморам два месеци. Многу радиолози во Австралија кои ги гледаа снимките не ми даваа шанси да се вратам така брзо. Фактот што воопшто заиграв на Вимблдон е право чудо. Мислам дека се се случува со причина“ рече Австралијката.

Share
Scroll to Top