Бањаја го продолжи договорот со Дукати

Бањаја го продолжи договорот со Дукати

пред 9 месеци

Светскиот шампион во кралската класа Франческо Бања потпиша нов договор со Дукати според кој ќе остане во редовите на италијанскиот тим најмалку до крајот на 2026 година.

Актуелниот договор на Бањаја истекуваше на крајот од оваа сезона, а потврдата за новиот потпис се очекуваше со недели, а таа дојде на четири дена пред почетокот на овогодинешниот Мото ГП шампионат.

Италијанскиот мотоциклист во 2022 година на Дукати му ја донесе првата титула по 15 години, кога шампион стана Кејси Стонер, а минатата сезона успеа да ја одбрани. На овој начин популарниот Пеко стана трикратен светски првак, бидејќи во 2018 година беше и шампион во категоријата Мото2.

Бањаја моментално е втор најтрофеен возач во најсилната категорија, по Марк Маркез, кој има осум титули, од кои шест во кралската класа.

Share
Scroll to Top