Бонучи позитивен на коронавирусот

Бернардески позитивен на коронавирусот

пред 4 години

Фудбалскиот клуб Јувентус, во вторникот објави, дека покрај Леонардо Бонучи и Мелих Демирал, уште еден фудалер бил позитивен на коронавирусот. Позитивен на последното тестирање, пред утрешниот натпревар со Наполи, бил Федерико Бернанрдески.

Крилниот фудбалер, најверојатно се заразил на собирот на италијанската репрезентација. Минатата недела, пред мечот со Литванија, четворица членови на стручниот штаб беа позитивни на Ковид-19.

Со коронавирусот од репрезентативниот собир во клубот се врати и Бонучи, а истото му се случи и на Демирал.

Бернардески, играше во саботата против Торино. Во ремито 2:2, тој ги одигра последните 19 минути.

Покрај Бернанрдески и Бонучи, со коронавирусот во репрезентацијата се заразиле и Славаторе Сиригу, Алесандро Флоренци, Марко Верати, Виченцо Грифо и Алесио Карго.

Јувентус утре треба да игра против Наполи. Поради коронавирусот, овој натпревар досега два пати беше одложен.

Share
Scroll to Top