Биелса се извини што не научил англиски по три години во Лидс

Биелса се извини што не научил англиски по три години во Лидс

пред 4 години

Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса се извини што не научил да зборува англиски по пристигнувањето на „Еланд роуд“ во 2018 година, но тоа тешко дека ќе им пречи на навивачите на славниот клуб.

Биелса стана миленик на навивачите на Лидс откако ги врати во Премиер лигата првпат по 16 години, а покрај тоа воспостави неверојатен стил на игра со постојано мислење на нападот. Но, тој исто така сите интервјуа ги дава со помош на преведувач.

„Им должам извинување на тие кои ме слушаат бидејќи не успеав да научам да зборувам англиски. Една од моите големи маани во англискиот фудбал е тоа што не можам да комунициам на јазикот кој го зборуваат сите. Тоа ми пречи многу, бидејќи тренерот секогаш пораката ја праќа со своите зборови. Важно е да се каже нешто наједноставно што може, без да се загуби богатството на јазикот. Но, ако нешто не можам да го кажам на шпански, како би го кажал на англиски. Тоа е реалноста“, вели Биелса.

Една од многуте препознатливи работи кај 65-годишниот Биелса е тоа што тој секогаш потпишува договор на само една година, и останува нејасно дали и во 2021/22 ќе биде во Лидс. Претседателот на клубот, Андреа Радрицани изјави дека се надева дека тој ќе го продолжи договорот оваа недела, откако Лидс се на импресивното деветто место.

„Ќе почекаме да завршио натпреварувањето. Ги ценам зборовите на претседателот, но се согласувам дека престижот на Лидс е пред моите побарувања“, додава Биелса.

Share
Scroll to Top