Бизнисмен тврди дека ја направил кариерата на Басилашвили, бара 30 отсто од неговата заработувачка

Бизнисмен тврди дека ја направил кариерата на Басилашвили, бара 30 отсто од неговата заработувачка

пред 4 години

Најдобриот грузиски тенисер, Николоз Басилашвили, повторно се наоѓа пред судски процес, откако бизнисменот Иракли Качарава бара од него да му предаде 30 отсто од неговата заработувачка поради договорот за спонзорство кој бил потпишан ппред шест години.

Качарава тврди дека помогнал да ја стартува кариерата на светскиот рекет број 35 во 2015 година, покажувајќи документ според кој треба да добие 1.5 милиони долари од тенисерот, кој досега во кариерата заработил 6.046.000 долари, и дополнително дел од неговите спонзорски договори.

29-годишниот Басилашвили успехот на тениските терени го проследи со судски случаи – минатата година неговата поранешна сопруга Нека Дорокашвили го тужеше за домашно насилство.

Басилашвили оваа година ја освои четвртата АТП титула во кариерата на Катар опен во Доха, каде што го победи Роџер Федерер во полуфиналето.

Грузискиот тенисер Басилашвили уапсен, ја претепал поранешната сопруга

Share
Scroll to Top