Билбао на најдраматичен можен начин до полуфиналето на Кралскиот куп

Билбао на најдраматичен можен начин до полуфиналето на Кралскиот куп

пред 4 години

Атлетик Билбао им се приклучи на Барселона, Севилја и Леванте во полуфиналето на Кралскиот куп, откако во драматичен меч прво успеа да израмни на 1:1 во 94. минута на гости кај Реал Бетис, за потоа да издоминира во пенал-драмата со 4:1 да го обезбеди триумфот.

Мечот беше без голови до 84. минута, кога замената Хуанми ги донесе Бетис во водство, но баскискиот клуб успеа да се врати и во 94. минута преку Раул Гарсија да израмни на 1:1. Откако продолженијата поминаа без голови, во пенал серијата, сите четири фудбалери на Атлетик беа сигурно, додека обидите на Хуанми и Каналес завршија во рацете на фантастичниот голман Унаи Симон. Ждрепката за полуфиналето е утре.

Минатата сезона, Билбао се пласираше во финалето на Копа дел реј против баскискиот ривал Реал Сосиедад, но тоа не се одигра поради пандемијата на КОВИД-19.

Share
Scroll to Top