Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо нема големи шанси за трансфер во Борусија Дортмунд, открива „Билд“. И покрај сите напори да игра во клуб што настапува во Лигата на шампионите, сепак, тоа не е лесно да се реализира, Најновата „корпа“ Португалецот ја доби и од „милионерите“.
„Билд“ пишува дека Борусија Дортмунд вооопшто нема интерес да го доведе Роналдо, знаејќи каков финансиски товар носи тоа за клубот. Тој е најплатен играч на Манчестер Јунајтед во моментов и неделно заработува околу 500.000 фунти, а тоа е преголем залак за Борусија Дортмунд во овој момент.
Медиумите на Островот наведуваат дека единствениот клуб кој би можел да го плати Кристијано Роналдо, а исто така му е потребен напаѓач, е Челси.