„Би-си партнерс“ испратиле понуда за купување на Интер

„Би-си партнерс“ испратиле понуда за купување на Интер

пред 3 години

Британскиот инвестициски фонд „Би-си партнерс“ има намера да го купи фудбалскиот клуб Интер. Медиумите и претходно шпекулираа дека Интер ќе добие британски газди, откако актуелниот споственик „Сунинг“, најави повлекување од клубит.

Кинеската компанија „Сунинг“, е сосптвеник на 68,55 отсто од акциите на Интер. Тие решиле да го продадат клубот проади големите долгови. Се шпекулира дека долгот на Интер изнесува помеѓу 400 и 450.000.000 евра.

Информациите говорат дека „Би-си партнерс“, за Интер, понудиле сума од 750.000.000 евра. Британците би го санирале клупскиот долг, а остатокот од парите би го уплатиле кај „Сининг“.

Италијанските медиуми тврдат дека „Сунинг“ ќе ја одбијат оваа понуда. Според нив газдите на Интер очекуваат Британците да ја зголемат понудата за дополнителни 250.000.000 евра.

Покрај „Би-си партнерс“, интерес за купување на мнозинскиот пакет акции во Интер, наводно покажале и групациите „Фортрес“ и „Американ арктос спорт партнерс“ и еден инвестицски фонд од Скандинавија.

Share
Scroll to Top