Богати договори за Ануноби и Вајт

Богати договори за Ануноби и Вајт

пред 6 месеци

О-Џи Ануноби и Дерик Вајт, добија богати договори од своите франшизи Торонто Репторс, односно Сан Антонио Спарс.

Ануноби (23), минатата сезона во просек по натпревар бележел по 10,6 поени, 5,3 скока и 1,6 асистенции. Британецот е играч на Репторс од 2017 година. Ануноби со Репторс потпишал нов четиригодишен договор „тежок“ 72 милиони долари.

Одлична сезона имаше и Вајт. За 25 минути во просек на теренот, бекот на Спарс во просек бележел по 11,3 поени, 3,3 скока и 5,3 асистенции.

Вајт има 26 години, а во лигата е од 2017 година, кога Спарс го избрале како 29 пик на драфтот.

Вајт и Спарс договориле нова четири годишна соработка вредна 73 милиони долари.

Share

GoGoAnime watch anime free: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) (https://gogoanime.be/m/6ae2) Episode 10

AniWatch anime websites: Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. (https://aniwatch.pro/m/XzK4) Episode 2

Scroll to Top