Болоња на Синиша Михајловиќ стигна до втора победа во првите три меча од новата сезона во Серија А, откако во тежок меч на „Ренато Дал’Ара“ со 1:0 го совладаа тимот на Хелас Верона, кои пак имаат три порази на стартот на сезоната.
Трите поени за „рособлу“ ги донесе Матијас Сванберг, кој по една мешаница пред голот на гостите, во 78. минута стрелаше силно од работ на шестнаесетникот.