Бразилците ги шокираа најсилните клубови во Премиер лигата

Бразилците ги шокираа најсилните клубови во Премиер лигата

пред 3 години

Фудбалскиот сојуз на Бразил, најде начин како да им се освети на англиските клубови, кои одбија да ги пуштат играчите да настапат за националниот тим на оваа земја, во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Бразил се наоѓа на црвената листа кај британските здравствени власти и секој што доаѓа во Велика Британија од оваа земја мора да биде во изолација 14 дена.

Поради тоа пет клуба одбија не им дозволија на репрезентативците на Бразил да играат за својата репрезентација.

Фудбалскиот сојуз на Бразил, преку писмо побарале ФИФА, да ги извести клубовите, дека овие фудбалери немаат прав да ги користат во периодот од 10. до 14.септември.

Најлошо помина Ливерпул, бидејќи не само во Премиер лигата, туку и во првиот меч во Лигата на шампионите, нема да може да смета на Алисон, Фабињо и Фирмино. Два натпревари ќе пропушти и фудбалерот на Челси, Тијаго Силва.

Манчестер сити ќе биде без Едерсон и Габриел Жезус во Премиер лигата, Фред нема да може да настапи за Манчестер јунајтед, а Рафиња, кој требаше да дебитира за Бразил ќе го пропушти дуелот Лидс-Манчестер сити.

Бразилците направиле еден исклучок, не побарале Евертон да добие казна бидејќи не го пуштиле Ришарлисон. Напаѓачот играше на Олимписките игри во Токио, иако Евертон немаше обврска да му дозволи да настапи на олимпискиот турнир.

„Тајмс“, пишува дека секој клуб што ќе го одбие наметнатото ограничување, според членот 22 од дисциплинскиот правилник на ФИФА, ќе биде соочен со службен пораз од 3:0.

Share
Scroll to Top